До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Алексис Санчез изгледа главна мета на Интер.
Екипата на Интер има за цел дополнително да ја засили својата екипа, сака да се врати во врвот на италијанскиот фудбал, а сметаат дека за тоа им е потребен и Алексис Санчез, чилеански репрезентативец.
Санчез е под договор со Арсенал, наводно очекува нов, а Интер има план како да го наговори како да не го потпише.
Нероаѕурите сакаат да му понудат плата од 250 илјади фунти, со што можеби и ќе можат да го одвлечат од Емирати.
„Сунинг“ групата има за цел да доведе некои од најдобрите играчи на светот во Интер, ќе видиме дали тоа ќе им појде од рака кога Алексис Санчез е во прашање.















