До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Голем проблем за Арсен Венгер…
Лоши вести за навивачите на Арсенал, еден од најдобрите фудбалери на овој тим на средината на теренот, Санти Казорла, нема да биде во состојба да помогне на тимот се до февруари месец.
Тој имаше проблем со Ахиловата тетива, поради тоа пропушти неколку последни натпревари на Арсенал, а се очекуваше наскоро да се придружи на тимот кога на Арсен Венгер тоа беше најпотребно.
Сепак, тоа нема да се случи, медиумите во Англија наголемо јавуваат дека Санти Казорла ќе мора на операција бидејќи така го советуваа лекарите.
Значи, ќе отсуствува три месеци, а за тие три месеци сешто може да се одлучи во Премиерлигата…
Како Арсенал без него? Гледаме дека не им оди баш најдобро откако се повреди.















