„Професорот“ фрли око на млад Шпанец


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Англиските медиуми пренесуваат вест дека Арсенал е на добар пат да го засили средниот ред со купување во Шпанија.

    Ново засилување на Топџиите ќе биде Маркос Љоренте, дознава Дејли Стар.

    Овој 21-годишен го „купи“ Арсен Венгер, кој, наводно, нема да жали пари за трансфер.

    Љоренте е изданок на фудбалската школа на Реал, а оваа сезона ја помина на позајмица во Алавес.

    Професорот посебно е импресиран од неговиот настап против Барселона на почетокот на септември, кога повратникот во елитата го шокираше актуелниот шампион на Шпанија на Ноу Камп.

    Интересно, ова момче, инаку е млад репрезентативец на Шпанија, има многу силни фудбалски гени.

    Татко Пако, дедо Рамон Гросо и дедо Пако Генто соевремено играле за Реал Мадрид.