До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Некогашниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед Вес Браун именуваше тројца најдобри фудбалери на светот.
Браун мораше да ги сортира од трет кон прв, а иако изборот не беше лесен, Браун немаше многу дилеми.
Многумина сметаа дека тој ќе го избере Кристијано Роналдо бидејќи со него помина шест години во Манчестер Јунајтед, но тој на првото место сепак го стави Лео Меси.
Како третопласиран го избра соиграчот на Меси, Луис Суарез.
„Ќе ви кажам, Суарес е сигурно еден од најдобрите против кој што сум играл. Тој е секогаш закана. Може да постигне гол од секоја ситуација“, рече Браун па се наврати на Роналдо и Меси.
„Играв со Роналдо многу години во Јунајтед. Тој сеуште соборува рекорди во Реал и репрезентацијата на Португалија. Што се однесува до Меси против него истотака играв. Тој може да постигне гол од соло акција, но и после тимска игра. Неверојатен е“, рече Браун.
Да потсетиме дека Браун за репрезентацијатана Англија одигра 23 меча, а денеска игра за Блекбурн Роверс.















