Легендата на Реал изненадувачки на клупата на Габон


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Фудбалската репрезентација на Габон синоќа доби нов селектор а тој е, на големо изненадување на поголем дел од јавноста, Хосе Антонио Камачо.

    Легендарниот фудбалер на Реал Мадрид постигна договор со челниците на ФС Габон кои од него очекуваат успех на Африканскиот Куп на нациите кој се игра од почетокот на 2017 година.

    Како што се наведува, Камачо годишно ќе заработува 800 000 евра, кој ќе ги дели со своите соработници, а најголема ѕвезда која ќе ја тренига во оваа селекциај ќе биде Пјер Емерик Обамејанг.

    Доаѓањето на Камачо на клупата на Габон ги изненади многумина бидејќи искусниот стручнак последен ангажман имаше пред три години кога беше селектор на Кина.

    Освен тоа, Камачо не зборува француски јазик.

    Хосе Антони Камачо во кариерате ги тренираше Осасуна, Бенфика, Еспањол, Реал Мадрид, Севиља и Рајо Ваљекано, а едно време беше и селектор на Шпанија.