Интер спреми 50 милиони евра за сензационален трансфер


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Италијански весник го откри планот на нероазурите кој делува како невозможна мисија.

    Калчомеркато соопшти нова вест за Интер. Пред три дена како бомба одекна веста дека на Меаца е скроен план за доведување на Алексис Санчез, прашината уште не се спушти, а следуваше нова експлозија.

    Според италијанскиот весник, Интер се насочи кон најдобриот стрелец на Челси, Диего Коста.

    Нероазурите наводно се спремни да понудат 50 милиони фунти за бразилецот со шпански пасош.

    Звучи неверојатно, Коста е еден од најважните штрафови на машината на Конте која во последно време работи со полна пареа, а Челси е клуб кој купува, а не продава, но ова сепак е период кога медиумските шпекулации се појавуваат во јавноста како на лента.