„Туре може да му донесе титула на Сити“


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Јаја Туре конечно доби прилика да игра за Манчестер Сити.

    Гвардиола во последните два лигашки натпревари му даде шанса на Туре а тој му се оддолжи со 1 погодок.

    Голманот на Сити кој е испратен на позајмица во Торино, Џо Харт смета дека токму Јаја Туре може да ја донесе титулата во витрините на Манчестер Сити.

    „Изгледа дека Туре бил фокусиран на подобрување на играта, барем тоа го покажува сега на теренот. Тој е посебен играч. Играв со него неколку години. Тој има сјајни квалитети. Може да им донесе победи и титула на Сити. Се што се случуваше во бекстејџот е завршено и Туре доби шанса да игра фудбал“ – вели Харт