Ова е листата на играчи кои ќе ја завршат својата епизода во Интер


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Екипата на Интер игра навистина лошо оваа сезона. Последниот нокаут тимот од Милано го доживеаа во петокот, кога беа поразени од Наполи со 3:0, а наскоро ќе започне и егзодусот на играчите во тимот.

Управата на Интер веќе ја направи листата на играчи кои во јануари веројатно нема да бидат жители на Милано.

Прв на листата за заминување е играчот од средниот ред Џефри Кондогбиа. Тој во летото 2015. година пристигна како големо засилување од Монако за 36 милиони евра, но на „Меацa“ не се покажа во добро светло.

Покрај него, на излезната врата се и Стеван Јоветиќ, Фелипе Мело, Родриго Паласио, Давиде Сантон и Џонатан Бијабијани.

Така Интер во јануари ќе направи мала реконструкција на тимот, а се очекува и да се добијат големи пари за засилувања.