Пораз и од Нижни Новгород – МЗТ Скопје декласиран од рускиот клуб


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Кошаркарите на МЗТ Скопје беа поразени во Јане Сандански од Нижни Новогород со 82:97 во натпревар од групната фаза од Еврокупот.

Фантастичен старт имаа гостите и после првата четвртина имаа двоцифрена предност, 12:26. Доминација на кошаркартие на Нижни Новгород и во втората четвртина, на полувреме заминаа со предност од 18 поени, 34:52. Гостите на овој натпревар играа фантастично и многу лесно го совладаа МЗТ Скопје. Седми пораз на МЗТ во групната фаза го Еврокупот.

Кејн со 22 поени го предводеше Нижни до победа. Бојнтон и Зубчиќ додадоа по 12, Губанов 11, Стребков и Попов по 10 поени. Јуре Лалиќ беше најефикасен во тимот на МЗТ Скопје со 23 поени. Клоф постигна 15, а двоцифрени натпреварот го завршија и Кларк и Мекиќ кои постигнаа по 14 поени.