Четири клуба во борба за Габигол

Бразилскиот напаѓач, Габриел Барбоса познат како Габигол пред почетокот на сезоната стигна во Интер од Сантос.

Иако беше најавуван како големо засилување, Габигол одигра само 16 минути за Интер и најверојатно во јануари ќе биде пратен на позајмица.

За неговите услуги се заинтересирани четири клуба, Џенова и Болоња од Италија, Лас Палмас од Шпанија и Лестер од Англија.

Моментално Габигол е најблиску до Лестер кој беше заинтересиран за него пред да потпише за Интер.