Вршаљко оди во Атлетико, се чека официјална потврда!

Репрезентативецот на Хрватска, Шиме Вршаљко од наредната сезона ќе го носи дресот на Атлетико Мадрид.

Трансферот на поранешниот фудбалер на Динамо во редовите на вицешампионот на Европа практично е завршена работа и се чека само официјална потврда.

“Tрансферот на Вршаљко во Атлетико наскоро ќе биде и официјализиран. Наполи беше упорен и го сакаше во своите редови и сакаше да го купи уште во јануари. Но, сакам да разјасниме една работа, а тоа е дека Шиме не го одби Наполи. Едноставно се појави Атлетико и таков клуб е тешко да одбиете. После долго размислување донесовме одлука следен клуб на Вршаљко да биде Атлетико Мадрид”– изјави агентот на фудбалерот Џузепе Рисо.