Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Бразилецот Алекс одлучи во својата 34та година да ја заврши својата фудбалска кариера.
Главна причина за тоа е повредата на коленото. Тој пред крајот на минатата сезона го напушти Милан.
Имаше понуда од бразилски Сантош но тој сакаше да се откаже од фудбалот и да биде пензиониран професионален фудбалер.
„Се повлекувам. Одлуката ја донесов со консултација со фамилијата. Ќе требаше да издржам уште една операција и девет месеци одмор. Неможам да ја претрпам таа болка“ – вели Алекс.
ПСВ, Челси, ПСЖ и Милан беа неговите тимови во европското патешествие, а токму во Сантош и ја започна својата кариера.