Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Раководството на Манчестер Јунајтед почна преговори со Атлетико Мадрид околу евентуален трансфер на Антонио Гризман на Олд Трафорд.
Англиските медими пренесоа дека менаџерот на Црвените ѓаволи Жозе Мурињо ангажирањето на францускиот репрезентативец го означи како приоритетна задача и за ангажирање на одличниот напаѓач спреми 78 милиони евра.
Се верува дека Гризман во Мадрид ќе остане до крајот на актуелната сезона, а Јунајтед со „офанзивна тактика ќе проба да го обезбеди неговиот потпис многу порано.
Португалскиот тренер во Гризман гледа идеален партнер на Златан Ибрахимовиќ, но и Пол Погба, кој може да има важна улога во евентуалниот трансфер на репрезентативниот соиграч на Олд Трафорд.
Французинот има договор со Јорганџиите до 2021 година, меѓутоа, неговиот однос со клубот и тренерот Диего Симеоне во оваа сезона не е најдобар и неодамна најави можност да замине во поамбициозна средина.
Antoine Griezmann says he’s happy in Madrid, but Manchester United would suit him eventually.
WATCH: https://t.co/xHf5t6YIRV pic.twitter.com/73hbNKrQy1
— ESPN FC (@ESPNFC) December 20, 2016