Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на Манчестер Јунајтед Жозе Мурињо смета дека неговиот поранеше клуб Челси нема да загуби многу бодови во продолжението на сезоната поради својата дефанзивна филозофија.
Челси е моментално водечка екипа во Премиер лигат со шест бода повфеќе од најблискиот конкурент, а дури 13 повеќе од Јунајтед.
„Морам да бидам искрен и да кажам дека ќе биде многу тешко да го стигнеме Челси“, рече Португалецот.
„Не се работи само за бодовната разлика, веќе за филозофијата на фудбал што Конте го практикува. Тие постигнуваат еден погодок и освојуваат три бода. Многу се бранат, и добро се бранат. Постигнуваат погодок, и тогаш, во последните 20 минути од натпреварот воведуваат дефанзива во играта.
„Не им е грижа што луѓето зборуваат и што мислат. Тие едноставно сакаат да победуваат. И поради тоа, мислам дека нема да изгубат многу бодови“.