Евертон со проблеми пред натпреварот против Лестер


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Евертон ќе биде без двајцата главни фудбалери на гостувањето во понеделник против Лестер. Екипата од Ливерпул ќе игра без Џејмс МекКарти и Мартин Стекеленбург.

Двајцата добија повреди за време на натпреварот против Ливерпул. МекКарти беше заменет уште на полувремето од Герет Бери. Мартин Стекеленбург заработи повреда при судирот со Лејтон Бејнс и исто така беше принудно заменет.

„Јас мислам дека Мартин Стекеленбург ќе биде аут до Божиќ, а повредата на Џејмс Меккарти е лесна, но тој го пропушта дуелот против Лестер, што е лоша вест, бидејќи само што влезе во форма“, изјави Роналд Куман.

Не е искучено Стекеленбург да биде надвор од теренот подолго време. Поради мускулните проблеми тој ќе отсуствува неколку недели.