Руи Коста ги избра 11 најдобри фудбалери со кој играл

Легендарниот португалски фудбалер, Руи Коста ги избра 11 најдобри фудбалери со кој играл.

Руи Коста во текот на кариерата играше за Бенфика, Фиорентина и Милан, а за репрезентацијата одигра 94 натпревари и постигна 26 погодоци.

Се разбира дека не му беше лесно да ги избере најдобрите 11 со кој играл, а на крајот тоа изгледаше вака:

Виктор Баиа(Португалија), Кафу(Милан), Алесандро Неста(Милан), Карлос Мозер(Бенфика), Паоло Малдини(Милан), Андреа Пирло(Милан), Паоло Соуса(Португалија), Кристијано Роналдо(Португалија), Кака(Милан), Луис Фиго(Португалија), Габриел Батистута(Фиорентина).