Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најдобриот играч на Арсенал, Алексис Санчез изјави дека животот во Лондон е многу стресен. Ова веднаш го искористија британските новинари за дополнително да ја вжештат приказната за неговото заминување од Арсенал.
Одличниот Чилеанец се уште не го продолжи договорот со „Топчиите“ и не е сигурно дали тоа воопшто ќе го направи.
„Сакам да излезам да се напијам или да јадам нешто со пријателите во Лондон. Но, животот тука е прилично стресен доколку го споредиме, да речеме, со Барселона. Не ми се допѓа гужвата и толку голем град, а нашите фудбалски рутини однесуваат многу енергија“, објасни Алексис.
Поранешниот напаѓач на Барселона има понуда од ПСЖ, но и од Кина која, доколку ја прифати ќе стане најплатен играч во светот.