Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Црногорскиот фудбалер, Немања Мијушковиќ повеќе не е член на Вардар.
Фудбалерот и клуб се договорија да го раскинат договорот и Мијушковиќ на зима може да си бара нов клуб.
Мијушковиќ стигна во Вардар во 2015-та година во летото и во дресот на црвено-црните освои една титула, шампион во првата лига.
Од клубот соопштија дека му се заблагодаруваат на Мијушковиќ за својот придонес во дресот на најтрофејниот клуб во изминатите 18 месеци и му посакаа многу успех во понатамошната кариера.