„Ибрахимовиќ и наредната година ќе игра за Јунајтед“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Златан Ибрахимовиќ според зборовите на Жозе Мурињо, наскоро ќе го продолжи договорот со Манчестер.

Тој во јули стигна од ПСЖ и тогаш потпиша 1-годишен договор со англискиот гигант.

Иако се споменуваше негово заминување во МЛС, по се изгледа дека тој ќе остане во Јунајтед барем уште една сезона.

„Потпис на новиот договор со Златан Ибрахимовиќ ќе биде само формалност. Се е договорено. На него сериозно сметам и во наредната сезона.“

Иако има 35 години, Ибрахимовиќ е еден од најдобрите напаѓачи во ПЛ и оваа сезона постигна 12 голови на 17 натпревари.