Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Според пишувањата на шпанските медиуми во наредните неколку дена може да се случи размена на релација Валенсија – Барселона.
Шпанските медиуми денеска пишуваат дека Барселона е заинтересирана за младиот 22-годишен репрезентативец на Португалија и фудбалер на Валенсија, Андре Гомеш.
Овој фудбалер наводно е голема желба на тренерот на Барселона Луис Енрике, а Валенсија на име оштета од трансферот на Гомеш очекува 40 милиони евра.
Меѓутоа, актуелниот шампион на Шпанија е спремен да плати 30 милиони евра, но и за пат за Валенсија да ги испрати Ален Халиловиќ и Кристијан Тељо кои не се во сериозните планови на шефот на стручниот штаб на каталонскиот гигант.
Да потсетиме, Халиловиќ во минатата сезона ја помина на позајмица во Спортинг Хихон, додека Тељо како позајмен фудбалер играше за Фиорентина.