„Одлично, но ајде да почекаме малку“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ги победи Гофан, Раониќ и Бердих во Абу Даби, но не сака да ги предвидува своите шанси во 2017.

Надал и во текот на претходните години имаше добри резултати, но не успеа да се врати на нивото на кое освои 14 Грен слем титули.

„Одлично се чувствувам, играв одлично. Три натпревари против три врвни играчи. Да се победат такви играчи е можно, ако играте добро.“

„Тоа за мене се добри вести, овие три натпревари ми донесоа добро ниво на самодоверба. Знам дека напорно тренирав и дека добро работев, но во исто време никогаш не се знае што ќе се случи.“

Пред Австралијан Опен, Надал ќе настапи и на турнирот во Бризбејн.

„Ајде да видиме како ќе се одвиваат работите во следните неколку месеци. Не можам да ја анализирам играта, потребен е одреден период и затоа велатм да почекаме малку и да видиме што ќе се случува во Индијан Велс и Мајами.“