Слободен пад во кариерата: Од Реал Мадрид и Барселона до 2-ра белгиска лига и УАЕ


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Играа за Реал, Барселона, Манчестер, а денес играат каде и да ги повикаат. За нив се зборуваше како за светски фудбалери, на нив беа потрошени 100-на милиони евра, а потоа се сопре.

Една лоша сезона или тешка повреда ги натера својата среќа да ја побараат далеку од ЛШ.

Голман:

Пол Робинсон(Барнли, ПЛ)

Со бранењето на голот на Англија доби голема шанса, но и голема одговорност. Очите на цела држава беа вперени во него, се пишуваше дека ќе го купи некој од англиските гиганти.

Последните 2 сезони одигра еден натпревар и по се изгледа дека тој ќе замине во пензија. Вистина, Англија немаше многу среќа со голманите во последните години. Роб Грин прими смешен гол против Сад, Пол Робинсон од 30 метри прими гол од Крањчар, а на Дејвид Џејмс, кикс му беше прекар.

Дефанзивци:

Жилијан Фауберт(без клуб, последен: Килманрок)

Меѓу навивачите на Реал завладеа неверување кога Флауберт дојде во клубот. Никој не можеше да верува дека во клубот постои личност која смета дека овој просечен дефанзивец е достоен за белиот дрес.

Реал го донесе овој играч како резервен план, но тој разочара. Во Килманрок дојде откако пробата во Сент Џонстоун му пропадна.

Дмитро Чигрински(АЕК)

Вистина е дека Украинецот во Шахтјор играше многу добро, но сигурно не беше добар за да плати Барселона 25 милиони за него. Сепак, Барселона од некоја причина го направи тоа и зажали.

Антон Фердинанд(Саутенд, трета англиска лига)

Помладиот брат на Рио цела кариера ја одигра во сенка на брат му. За Вест Хем одигра 140 настапи и никој потоа најверојатно не се сеќава на Антон. Неговиот пад почна во 2007 година кога го лажеше Вест Хем дека оди кај својата болна баба, а всушност отиде во САД да прослави роденден.

Ројстон Дренте(без клуб, последен клуб: УАЕ)

Во 2007 година управата на Реал среќно се фотографираше со овој фудбалер. На Фејенорд за него беше платено 11 милиони евра, а од Дренте добија деби од соништата. Тој постигна гол од 30 метри.

Внукот на Едгар Дејвидс првата сезоната беше незаменлив, меѓутоа потоа следеше голем пад во неговата кариера и тој замина од клубот. Прво во Русија, потоа во Турција, а на крајот на Емиратите.

Среден ред:

Џеферсен(Еупен)

Човек кој постигна гол против Реал во дресот на Барселона, денес на 28 години не требаше да игра во Белгија, но сепак таму игра.

Со тоа што ова му е напредок во однос на минатата сезона кога играше во 2-та лига, а сега е во 1-та белгиска лига.

Џек Вилшер(Бурнмут)

За разлика од остатокот од листата, овој играч може да ја спаси кариерата. Кога е здрав игра врвно, но повредите си го направија своето. Тој замине од Арсенал и сега игра во Бурнмут.

На 23 години има 34 настапи за Англија и преку 100 за Арсенал. Сеуште нема постигнато гол во првенството, но за него најважно е да игра добро. Сите навивачи на Арсенал ги следат натпреварите на Бурнмут токму поради овој млад играч.

Рафаел Ван Дер Варт(Мидтјуланд, 1-данска лига)

Некое време се сметаше за најдобар играч за врска, но тие времиња одамна поминаа. За Холандија одигра над 100 натпревари и никој не претпоставуваше дека на 33 години тој ќе игра во 3-от тим во Данска.

За него беа платени над 50 милиони евра за оштети, но Данците го добија бесплатно затоа што Бетис се откажа од него.

Џо Кол(Тампа Беј, 3-та лига САД)

Кога ќе добиеш пофалби од Џерард и Пеле, тие зборови имаат тежина, но.. сепак тие згрешија. По 56 настапи за Англија, 3 првенства освоени со Челси, Џо денес на 35 години игра во 3-та американска лига. Најголем виновник за ова се повредите кои го одалечија од тимот на Челси.

Напад:

Валери Божинов (Партизан)

Во Лече се докажа, стана најмлад странец  кој постигнал гол во Серија А и Фиорентина не сакаше да чека. Набрзо платија 12 милиони за Бугаринот, кој во Фиренца не се прилагоди.

Набрзо дојде нова шанса, Јувентус беше исфрлен во 2-ра лига и младиот играч беше добинта комбинација. Но потоа тој се повреди во Сити, па набрзо смени неколку клубови и сега замина во Белград. Таму тој има постигнато 5 голови во 19 натпревари.

Од успех во кариерата може да се пофалисо титула во Серија Б со Јувентус и во Сербија со српскиот клуб.

Федерико Македа (Новара, 2-ра италијанска лига)

Деби за Манчестер и веднаш гол.

Тој започна одлично, но потоа не се прилагоди. Понекогаш играше со Роналдо во нападот, а денес друштво таму му прави репрезентативец на Сан Марино. Смени 8 клубови во 8 години. Италијанците некое време беа сигурни дека добиле наследник на Виери, но се излажаа.

Клупа:

Мичу(Реал Овиедо) – Апсолутно експлодираше во Свонси, но потоа дојдоа повредите. Некое време помина играјќи за Лангрео, кој го тренираше неговиот брат. Заедно со Казорла и Хуан Мата е еден од сопствениците на Овиедо.

Адам Богдан(Виган) – Името од кое се ежат сите навивачи на Ливерпул. Во Ливерпул не играше многу, но стигна да прими гол од корнер. Најпознат е по тоа што во дресот на Болтон прими гол преку цел терен. Гол му даде Тим Хауард.

Марко Марин(Олимпијакос) – Во БЛ беше одличен, потоа следеше трансфер во Челси, каде што не доби вистинска шанса. Позајмица по позајмица и преку Трабзонспорт заврши во Олимпијакос.

Ибрахим Афелај(Стоук) – Со Барселона има освоено ЛШ, но потоа немаше ништо од него. Повредите му ја уништија кариерата, а денес се чека враќање во Стоук.

Џовани дос Сантос(ЛА Галакси) – Уште еден во низата на големи таленти на Барселона, кој едноставно не ги исполни очекувањата. Во 26 години се прости од сериозниот фудбал и избра живот во Лос Анџелес.

Робињо(Атлетико МГ) – Најдобриот млад фудбалер за 2005 година денес игра фудбал во Бразил. Сите очекуваа повеќе од овој човек за кого беа платени скоро 100 милиони за оштети.