„Не ми е жал за Вест Хем и против нас згрешија!“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тренерот на Манчестер Јунајтед, Мурињо го пофали Давид Де Хеа, односно Маркус Рашфорд по новата победа на Јунајтед.

Тие го победија Вест Хем со 2:0 во Лондон во 20-то коло во ПЛ.

„Разочаран сум поради некои грешки и одлуки на теренот, но тоа е до заморот, не постојат чуда. Ја зачувавме мрежата поради одличниот Де Хеа, тој беше важен, моравме брзо да се движиме со топката и да создаваме простор.“

Јунајтед во средината на 2-ро полувреме поведе по одличната акција на Рашфорд и Мата.

„Мата и Рашфорд останаа на клупата, бидејќи сакав поинаков интензитет. Ни го донесоа тоа што ни е потребно. Рашфорд е одлично подготвен, многу е брз, ни донесе ширина во играта. Рашфорд е зрел, ја има ДНК-та на Јунајтед во својата крв.“

Важен детал во натпреварот беше исклучувањето на Фегули во 15-та минута, по дуелот со Фил Џоунс.

„Не можам да дадам коментар на црвениот картон, бев премногу далеку, ќе морам да ја погледнам снимката. Јас морам да научам како да зборувам за поништениот гол на Ибра, чистиот пенал против Кристал Палас. Не ми е жал за Вест Хем. Не ја видов одлуката на судијата.“

„Имам чувство дека ќе го добиеме наредниот натпревар. Не бркаме рекорди, само добри игри и бодови. Знаеме дека Челси или Тотенхем ќе изгубат бодови, како Ливерпул или Сити минатата недела.“

Јунајтед игра на 15-ти јануари во ПЛ против Ливерпул.