Реал повторно прави дрим тим од соништата


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Реал Мадрид поради казната не може да регистрира фудбалери во зимскиот преоден рок, но на лето спрема неколку големи трансфери.

Шпанските медиуми соопштија дека од лето нов фудбалер на кралевите ќе биде Пауло Дибала од Јувентус, но тоа не е се.

Дејли Мирор тврди дека кралскиот клуб е сериозно заинтересиран за доведување на ѕвездата на Тотенхем, Деле Али.

Овој млад фудбалер игра на врвно ниво. Минатата сезона експлодираше во дресот на Тотенхем, фантастично игра и оваа, па очекувано е дека привлече големо внимание кон себе.

Раководството на Реал го гледа како идеален за својот тим. Наводно спремија огромна понуда за да го доведат на Сантијаго Бернабе на лето.

Исто така, со доаѓање во Реал се поврзува и голманот на Челси, Тибо Куртоа и изгледа повторно ќе бидеме сведоци на уште еден тим од соништата во Мадрид.