Евертон не се шегува: Стигнува засилување од 11 милиони!

Екипата која оваа сезона ја води Роналд Куман донесува засилување на напаѓачката позиција.

Крилниот фудбалер на Чарлтон, Адемол Локман ќе биде ново засилување на Евертон.

Фудбалерот кој е член на Англија стигнува за 11 милиони фунти во Евертон.

Локман има 19 години, а во младите категории на Чарлтон играше во 2014 година, а до 2015-та година одигра 45 натпревари за сениорскиот тим. Успеа да постигне и 10 голови.

Чарлтон моментално е член на 3-та лига во Англија, а ќе видиме дали Локман ќе успее да се прилагоди веднаш на условите во ПЛ.