Сонце блеска над Интер – Кинезите најдоа начин да ја откачат УЕФА од вратот


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Финансискиот фер плеј можеби повеќе нема да биде тег околу вратот.

Само се чекаше Кинезите да смислат како.

Колку УЕФА да ги заоштрува правилата, дупка секогаш постои. Па така компанијата Сунинг ќе ја спонзорира опремата за тренинг на Интер, но и тренинг центарот, клубот ќе обезбеди 15 милиони евра со што ќе се испеглаат финансиските книги.

Да потсетиме, баш поради тоа што Нероаѕурите соевремено трошеа повеќе од тоа што смееја во оваа сезона не смееја за ЛЕ да ги регистрираат најголемите засилувања Жозе Марио, Габриел Барбоса и Жофри Кондогбија.

Со овие 15 милиони евра УЕФА нема повеќе да дише за вратот на миланскиот гигант, а според наводите на Кориее дело Спорт ни тоа не е се.

Уште 15 милиони ќе легнат на основа на продажбата на Сунинг на брендот на Интер на кинеско тло.

Ако се помине – Интер излегува од криза. И баш некако во исто време, италијанските медиуми пишуваат за тоа дека се спрема понуда од 22 милиони евра за левиот бек на Волфсбург Рикардо Родригез.

Толку изнесува и откупната клаузула. Репрезентивецот на Швајцарија ќе дојде во јуни. Тие пари можѓе да се обезбедат и продажгбата на Евер Банега во Кина.  И уште ако помине оваа приказна за Сунинг…Следат убави денофви за навивачите на Интер.