Официјално: Валенсија го доби првото засилување во 2017


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Немања Максимовиќ е нов член на шпанска Валенсија.

Иако Лилјаците поминуваат низ тежок период во оваа сезона во Примера од оваа зима ќе бидат посилни за млад и талентиран стопер од Србија.

“Златниот орел“ кој со својот гол во финалето на СП до 20 години го сруши Бразил, денеска направи уште еден голем чекор во својата кариера.

Тој со тимот од Местаља потпиша договор на пет години вреден седум милиони евра, а Астана на име оштета ќе добие 300 000 евра.

Да потсетиме, Валенсија го зазема дури 17 место на табелата со 12 освоени бодови, што е под секое ниво кога е во прашање овој голем клуб.