Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Каталонскиот гигант се „реваншираше“ на Реал Мадрид за одлуката од 2011 година.
Никој од фудбалерите на Барселона не дојде во Цирих на гала свеченоста, а по повод тоа издаде и официјално соопштение.
Паралелно со веста дека Кристијано Роналдо е прогласен за најдобар играч на светот во 2016 година медиумите брујат за одлуката на претставниците на Барселона да не дозволат играчите да присуствуваат на гала свеченоста во Цирих.
Само неколку часа пред почетокот на церемонијата организаторот доби доопшение во кое се наведува дека делегацијата на Барселона нема да присуствува, а одлуката падна „утрото“.
Медиумите во Шпанија на големо пишуваат дека се работи за „реванш“ на Каталонците за тоа што Реал Мадрид направи пред пет години.
Тогаш Кристијано Роналдо и Жозе Мурињо не дојдоа на доделувањето на признанијата бидејќи не освоија награда во категориите во кои беа номинирани.
Четворица играчи на Барселона вечерва зазедоа места во најдобриот тим на светот за 2016 година, додека Лионел Меси беше во најтесниот круг во категоријата “најдобар фудбалер на светот“.