Венгер сеуште на ја исполни големата желба на Озил

Тренерот на Арсенал Арсен Венгер сеуште не ја исполни големата желба на ѕвездата на овој тим Месут Озил.

Озил веќе долго време има намера да стигне до „десетката“ на Арсенал, а се чини дека желбата ќе му се исполни кога од тимот ќе замине Џек Вилшер кој го носеше токму тој број.

Вилшер отиде на позајмица во Борнемут, а Венгер веројатно смета на неговото враќање и „десетката“ секогаш е слободна.

„Откако Вилшер замина во минатото лето, десетката е слободна, но сеуште не ја добив“, рече Озил за германски Кикер.

Да потсетиме дека Озил, после простувањето на Лукас Подолски од репрезентацијата на Германија, ја презеде неговата десетка.