Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Уште два натпревари се одиграа од второто коло од групната фаза на СП во Франција.
Норвешка ја совлада Русија со 28:24 во натпревар од второто коло од групата А.
Норвежаните одлично отворија. Тонесен, Хансен и Мирхол погодија за 4:1.
Горбок со два брзи погодоци намали на 4:3. Сагосен и Бјорнсен одговорија со два погодоци во низа за 6:3.
Двата погодоци на Хансен и едниот на Мирхол му донесоа водство на Норвешка од пет погодоци, 9:4.
Норвешка во 20-та минута од првото полувреме имаше 8 погодоци предност, 14:6. Со трите погодоци во низа, русите на полувреме заминаа со негатива од 15:11.
Сорока и Чипурин на стартот на второто полувреме намалија на три погодоци негатива, 16:13. Хансен и Бјорнсен одговорија со иста мерка и 18:13.
Русија намали на два погодоци негатива во 38-ма минута од натпреварот, 18:16. Танген и Бјорнсен постигнаа два погодоци во низа за водство на Норвешка, 20:16.
Бјорнсен и Сагосен пет минути пред крајот на натпреварот зголемија на четири погодоци предност, 26:22. Репрезентацијата на Норвешка на крајот се радуваше и ја запиша втората победа на ова СП, 28:24.
Кристиан Бјорнсен со 7 погодоци ја предводеше Норвешка до победа на овој натпревар. Сандер Сагосен постигна 6 погодоци. Игор Сорока беше најефикасен во репрезентацијата на Русија со 8 погодоци. Вардарецот Тимур Дибиров не постигна погодок на денешниот натпревар.
Репрезентацијата на Шпанија го совлада Тунис во натпревар од второто коло од групата Б со 21:26.
Шпанците со три погодоци во низа на почетокот на натпреварот стигнаа до водство од 1:4. Гурбиндо и Томас погодија за 4:8.
Двата погодоци на Томас и едниот на Ривера и донесоа на Шпанија водство од 6 погодоци, 6:12. Бугами, Тоуми(2) и Санаи до крајот на првото полувреме ја спуштија негативата на Тунис на само два погодоци, 10:12.
Душебаев и Балагуе во 38-ма минута од натпреварот постигнаа два погодоци во низа за 13:17. Тоуми и Банур со своите погодоци повторно намалија на два негатива, 16:18.
Двете репрезентации имаа по една серија од по два погодоци и разликата не се промени. Балагуе и Гвардиола осум минути пред крајот на натпреварот зголемија на четири погодоци предност, 18:22.
Шпанија на крајот славеше со 21:26 за втора победа на ова СП. Виктор Томас и Давид Балагуе ја предводеа Шпанија до победа со по 5 погодоци. Вардарците Алекс Душебаев и Жоан Канелјас постигнаа по 1 погодок. Амен Тоуми беше најефикасен во репрезентацијата на Тунис со 5 погодоци.