„Алегри ќе остане со нас, нема смисла да го пуштиме да си замине“

Марота потврди дека Алегри ќе остане во тимот на Јувентус.

Во последните денови се појави шпекулации дека Алегри ќе замине од тимот и дека ќе го наследи Венгер, но Марота тврди дека тоа нема да се случи.

„Ова му е трета година со нас и мислам дека нема да замине од клубот. Алегри е одличен тренер, не гледам причина поради која би го пуштиле да замине.“

На прашањето за Евра, тој изјави дека играчот има договор до лето и дека не е невозможно да го одработи до крај.

Директорот на тимот од Торино нагласи дека клубот во иднина ќе смета на повеќе млади Италијанци.