Вест Хем остана без својот играч до крајот на сезоната

Од Вест Хем потврдија дека италијанскиот дефанзивец Ангело Огбона ќе го пропушти останатиот дел од сезоната затоа што мора да оди на операција.

„Играше цела сезона со повреда, а сега мора на операција. Мора да издржиме без него, се радуваме на неговото враќање, ќе бидеме со него до крајот на процесот.“

28-годшниот играч за Вест Хем одигра 47 натпревари, а во клубот е од 2015 година.

Претходно тој играше за Торино и Јувентус, а за Италија одигра 13 натпревари.