Колку Бенфика заработи на децата во последните две сезони?


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Бенфика направи ОГРОМЕН против во последните две сезони кога ги продаваа своите играчи во најсилните лиги на светот.

Седумина млади фудбалери кои се продадени од Бенфика во последните две сезони донесоа голем профит на овој тим.

Имено, од сезоната 2014/15 па до денеска, Бенфика заработи 138,75 милиони евра.

Се прашувате, како?

Лазар Марковиќ (Ливерпул), Бернардо Силва (Монако), Андре Гомеш и Жоао Кансело (Валенсија) и Дерлис Гонзалес (Базел) се вкупно продадени за 73, 75 милиони евра. Нормално, тоа не е се.

Од оваа сезона, Бенфика продаде двајца фудбалери од кои многу се очекува во иднина. Прво замина Ренато Санчез во Баерн, а вчера својот трансфер го заврши и Гонсало Гуедеш кој премина во ПСЖ.

Тие двајца заедно заминаа за 65 милиони евра (ако ги сметаме бонусите во иднина).

Значи, Бенфика за овие две и пол години заработи 138.75 милиони евра. Малку ли е?