Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Уште шест натпревари се одиграа од 22-то коло во Серија А.
Јувентус го победи Сасуоло на гости со 0:2.
Игуаин во деветата минута погоди за водство на Јувентус.
Неколку минути подоцна Сами Кедира зголеми на 0:2. Во второто полувреме мируваа мрежите, а на крајот Јувентус се радуваше.
Удинезе беше подобар од Милан на домашен терен, 2:1.
После осум минути игра Бонавентура ги израдува навивачите на росонерите.
Теро во 31-ва минута го израмни резултатот.
Конечните 2:1 ги постави Родриго Де Паул во второто полувреме и му донесе голема победа на Удинезе.
Сампдорија со пресврт ја победи Рома на домашен терен, 3:2.
Само после пет минути игра Рома имаше водство. Бруно Перес погоди за водство на римската волчица.
Водството на гостите траеше до 21-ва минута кога Прает го израмни резултатот.
Напаѓачот Един Џеко во второто полувреме го врати водството на Рома.
По влегувањето на терен, Шик израмни, а конечните 3:2 ги постави Муриел две минути подоцна по погодокот на Шик.
Во останатите натпревари Каљари и Болоња ремизира, 1:1, Кротоне на домашен терен го победи Емполи со 4:1, а Џенова се спаси од пораз на Артемио Франки од Фиорентина, 3:3. Горан Пандев влезе во 52-ра минута на местото на Пинила.