Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Одион Игало ја заврши работата, денес потпиша за кинески клуб.
Фудбалерот на Вотфорд го заврши престојот во Англија и сега ќе се пресели во Кина каде ќе ја продолжи кариерата и ќе заработува многу повеќе пари од што заработуваше во ПЛ.
Овој 27-годишен фудбалер потпиша две и пол годишен договор со Чангчун Јатаи.
Нигериецот стигна во Вотфорд во сезоната во 2014/15 на позајмица од Гранада, па подоцна трансферот стана „стален“ кога Вотфорд го откупи договорот.
Во овој период Игало постигна 39 погодоци на 100 настапи.
Се зборува дека трансферот е вреден околу 20 милиони фунти.