Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кариерата на холандскиот стручнак Франк Де Бур во Интер, освен по дури осум порази во 14 натпревари на кои го водеше клубот од Милано, ќе остане запаметен и по еден несфатлив трансфер.
Турскиот дефанзивец Чанер Еркин беше желба на Интер за времето на Роберто Манчини, а во клубот во летото стигна како слободен играч.
Тогаш тренер веќе беше Франк де Бур, кој после само неколку дена порача на Еркин дека не смета на неговите услуги после што овој се врати назад во татковината.
Во разговор за турските медиуми, Еркин истакна дека не му е јасно поради што неговата епизода во Интер заврши практично пред што и да започне.
„Манчини ме сакаше во Интер, а и мене ми беше мило што ќе дојдам во таков голем клуб. Потоа стигна Де Бур и искрено не го разбрав, како што не можам да сфатам зошто воопшто сум доведен ако ме пуштат после само неколку дена.
Де Бур не знаеше никого од нас ниту разговараше со мене, само без никакво објаснување ми рече дека не смета на мене и тоа беше тоа“, рече Еркин, кој додаде:
„Таа ситуација за мене беше крајно неприфатлива и одма почнав да преговарам со други клубови. За среќа, не чекав долго и завршив во Бешикташ. Не сакам да се вратам во Интер бидејќи сакам да останам во овој клув кој многу расте во иднината“.
Чанер Еркин од Интер отиде во Бешикташ на позајмица до крајот насезоната, а во минатото играше за Фенербахче, ЦСКА од Москва, Галатасарај и Маниспор.