Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вардар во третиот пријателски натпревар запиша пораз на подготовките во Анталија. Македонскиот клуб денес загуби од Дукла Прага, 2:3.
Во првото полувреме не видовме погодок.
Фудбалерот на Вардар, Глишиќ постигна фантастичен погодок за водство на црвено-црните. Чешкиот клуб постигна два погодоци за брз период. Стрелци на погодоците на Дукла беа Мустеданагиќ и Тетур. Во судиското продолжение од второто полувреме Милошевиќ постигна автогол за израмнување на резултатот. Две минути подоцна фудбалерите на Дукла Прага ги поставија конечните 2:3.
Следниот пријателски натпревар во Анталија на Вардар е закажан за утре, а противник е хрватски Хајдук Сплит.