„Не наредив на играчите вегетаријанска исхрана“


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Тренерот на Милан Винченцо Монтела негираше денеска дека наредил на своите фудбалери вегетаријанска исхрана и дека нивното незадоволство од тој режим на исхрана е причина за лошите резултати во претходните натпревари.

Весникот Ла Република наведе дека играчите се незадоволни со тоа што им е забрането да јадат месо.

Милан во последните четири натпревари во сите натпреварувања е без победа, од кои три порази, па Монтела е под притисок.

„Го прочитав тој член и беше интересен, но постојат некои недоследности. Немаме вегетаријанска исхрана, сите јадеме мисирки. Играчите со кои работам во тренинг центарот во Миланело се моја одговорнст. Ние секогаш мораме да бидеме во врвот, ние сме професионалци, а тоа мораш да бидеш и кога држеш диета“, рече Монтела.

„Како играч два месеци јадев само моркови и пилешки гради, со цел да се подготвиме што најдобро и  да победуваме. Кога ќе си дојдам дома можев да јадам бифтек“, додаде 42-годишниот тренер.

Тој рече дека верува во тимот, но дека од играчите бара да вложат дополнителен напор со цел да дојдат до шанса да се борат за пласман во ЛШ.

„Подобри сме отколку порано, сите податоци тоа го покажуваат, но подобри се и другите тимови. Нашата екипа созреа во секоја смисла освен во резултатски, што е за мене најважна работа. Не ја загубивме рамнотежата во ни верата. Не смееме да отстапите од нашиот пат, спремни сме да пружием повеќе“, наведе Монтела.

Милан е седми на табелата со 37 бодови, а во недела во 22 коло од Серија А ќе игра како домаќин против Сампдорија.