Чалханоглу веќе знае за кој клуб ќе игра во следната сезона


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Турскиот репрезентативец Хакан Чалханоглу пред три дена се соочи со тешка суспензија од ФИФА поради што е исфрлен од фудбалот на четири месеци.

Како што стојат работите, Чалханоглу може повеќе никогаш да не настапува за Баер од Леверкузен, бидејќи и сам покажа желба за заминување од ово јклуб и тоа веќе на крајот на сезоната.

Чалханоглу во разговор за турски Фанатик порача: „Ако Бог даде, од наредната сезона ќе бидам играч на Челси, но има уште клубови кои ме сакаат“.

Хахан Чалханоглу е казнет поради тоа што во 2011 година како тинејџер зеде пари за премин во Трабзонспор, но никогаш не го испочитува тој договор.

Турскиот фудбалер во оваа сезона одигра 21 натпревари за Баер Леверкузен и неговиот учинок е седум погодоци и исто толку асистенции.