Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Играч за кого прочуениот италијански агент рече дека е најбаран на светот, може во ова лето да заврши на Олд Трафорд.
Француски „Инфоспорт +“ дознава дека Мино Раиола активно работи на трансфер на својот клиент Блез Матуиди во Манчестер Јунајтед.
Доаѓањето на Емери на кормилото на Пари Сен Жермен е клучна причина за агитирање на италијанскиот менаџер, се претспоставува дека Шпанецот ќе ја форсира „својата “ формација 4-2-3-1, и доаѓањето на Криховјак и Бен Арфа е оправдување на тие сомнежи, а Матуиди може да падне во втор план.
Одличниот играч за врска така може да се придружи на својот довчерашен соиграч Златан Ибрахимовиќ на Театарот на соништата, но за тоа потоа.
Жозе Муруњо наводно го сакаше Погба, но тешко дека ќе има нешто против за неговиот тим да биде посилен за Матуиди.
Инаку, Блез Матуиди во ПСЖ е од 2011 година, доведен е од Сент Етјен како замена за Клод Макелеле за 7.5 милиони евра.
Освои 12 трофеи со Светците, меѓу нив се и четири по ред титули шампион на Франција, а во минатата година беше избран за најдобар играч во Лига 1.
Овој 29-годишен 44 пати заигра за репрезентацијата на Франција и постигна 8 голови. Неизоставен дел од тимот на Дешам на тековното првенство во татковината, каде што Галските петли ги очекува борба за финале со големиот ривал Германија.