Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Менаџерот на Манчестер Јунајтед Жозе Мурињо го повика Пеп Гвардиола.
Овој двоед одамна е во конфликт, кој очигледно продолжува и во Англија, каде што предводат тимови од Манчестер, Јунајтед и Сити.
Мурињо го искоментира доаѓањето на Пеп во Премиер лигата и беше многу отворен и оштар кон ривалот на клупата на Граѓаните.
Интересна изјава даде Мурињо и го повика Гвардиола, но ги омаловажуваше ги неговите титули со Баерн.
„За него ова е нов фудбал, не е тоа Германија. Таму Баерн освои титули така што одат во Борусија и ги купуваат најдобрите фудбалери.
Првата година отидоа по Геце, следната по Левандовски, а потоа по Хумелс. Дали мислите дека јас можам да отидам во Тотенхем, да ги купам нивните двајца најдобри играчи и да го убијам тој клуб?“ Нормално дека не можам. Исто така не можам, ни да отидам во Арсенал, ниту да одам во Челси, каде што имам двајца фудбалери кои ги сакам“, истакна Мурињо.
Исто такја, Посебниот верува дека тоа време помина.
„Готово е со ситуацијата кога шампионот прекинува со нападите на директните ривали. Ако доведете играч од противничкиот клуб, можете да го доведете само тој кој клубот повеќе не го сака“, смета Мурињо.
Јунајтед и Сити до крајот на сезоната ќе годи голема борба за пласман во ЛШ, но сигурно дека до титулата покрај Челси нема да може.