Реал има „план Б“ ако не стигне Куртоа!

Изгледа дека Реал Мадрид по секоја цена сака да најде нов голман за наредната сезона.

Реал бара врвен голман веќе долг временски период, а да се сетиме дека се обидоа да го донесат Де Геа, иако на многумина не им е јасно, бидејќи Навас исто така е еден од најдобрите во светот во овој момент.

Тибо Куртоа е голман кој најмногу се споменува како голман кој би можел да стигне во Реал Мадрид, а доколку тоа не се случи, Реал има алтернатива.

Станува збор за Лорис, голманот на Тотенхем кој го продолжи договорот со тимот.

Наводно Реал е подготвен да му плати 200.000 фунти неделно.

Лорис има 30 години, па ќе видиме колку е подготвен Реал да понуди за него.