Галијани го сочува Монтела, Кинезите го сакаат трофејниот тренер на Интер!

Во Милан нема мир во овој вакум, но новите сопственици може одма да го променат тренерот.

На Милан не оди, се редат порази, сметајќи и на тој во купот од Јувентус, четири во низа, па се ниша клупата на Монтела.

Третото место се чини е нереална амбиција во овој момент, а новите сопственици кои за околу месец дена треба да го преземат клубот имаат друга идеја кога е во прашање тренер.

Засега, Галијани успеа да го сочува Монтела, но ако не се подобри, веќе на почетокот на март, Милан може да добие нов тренер.

Идеја е Роберто Манчини.

Тој е кандидат за клупата на Вест Хем, но Билиќ успеа да ја сочува работата. „Манчио“ ја сонува работата во Арсенал, а во овој момент тоа не е реално. Прво,л не е сигурно дали Венгер ќе замине, се чини дека поголеми шанси во овој момент има Макс Алегри.

Поради тоа Манчини може да ја прифати понудата на Милан и да седне на клупата на Росонерите.

Се зборува дека Марко Фасоне кој ќе биде главен командант кога ќе биде извршено примопредавањето на клубот силно ќе ја поддржува оваа опција и дека сака Манчини да има неколку месеци на крајот на сезоната, со цел да ги сними работите и веќе да почне со создавање на екипа за наредната сезона.

Да потсетиме, Манчини два пати беше тренер на Интер, во првиот мандат освои три титули (една на зелена маса), а во Интер се врати во 2014 година и работеше без поголем успех…