Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Се одиграа првите два натпревари од 12-то коло во македонската кошаркарска Суперлига.
Работнички на домашен паркет го декласира Охрид со 97:61.
Кошаркарите на Работнички доминираа од почетокот на натпреварот. Првата четвртина ја добија со 27:12. На полувреме заминаа со огромна предност од 19 поени, 54:35.
Во третата четвртина охриѓани постигнаа само 10 поени и во последните десет минути од натпреварот влегоа со негатива од 31 поен, 76:45. Работнички на крајот победи со убедливи 97:61.
Ефремовски го предводеше Работнички со 24 поени. Маслинко и Мисановиќ постигнаа по 19, Николиќ 12, а Чековски 11 поени. Кај Охрид најефикасен натпреварот го заврши Глигоријевиќ со 16 поени.
Десета победа за Работнички, а девети пораз на Охрид оваа сезона.
Кожув убедливо го победи Вардар на гости со 73:86.
Во првата четвртина гостите им дозволија на Вардар да постигнат само 9 поени. Водство од 17 поени имаа гевгеличани, 9:26. Гостите на полувреме заминаа со предност од 23 поени, 26:47.
Вардарци и третата и четвртата четвртина ја добија, но на крајот загубија со 73:86.
Хал го предводеше Кожув со 21 поен. Мијовиќ додаде 18, а Ѓурасовиќ 16 поени. Кај Вардар најефикасен беше Ибитајо со 26 поени.
Седма победа за Кожув, а дванаесети пораз на Вардар во дванаесет кола оваа сезона.