Легендарниот Тони бил нападнат во Авелино!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хулигани на Авелино го нападнале легендарниот Лука Тони.

Верон со 2:0 победи во гости кај Авелино. Тони е директор на Верона и тој во друштво на претседателот доживеале сериозен напад.

„Фрлаа врз нас шишиња и ги скршија прозорците. Беше навистина страшно. Претседателот имаше сина марама и можеби не заменија со навивачите на Верона, па затоа не не препознаа. Бевме во средина помеѓу 15 луѓе и оваа група нема врска со нормалните навивачи на Авелино.“

„Не знам што им се случува во глава на тие луѓе, но бев исплашен. На фудбалот не му треба ова.“