Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кошаркарот на Портланд, Мејсон Плумли беше трејдуван во Денвер во замена за Нуркиќ.
Овој кошаркар така ќе ја продолжи кариерата во тимот од Колорадо, а вчера и пред трејдот имаше бизарна ситуација.
Неговиот автомобил ограбен и му биле земани документите, новчаникот со парите и картичките.
Потоа стигна повик од претседателот за кошаркарски операции Нил Олшеј и тренерот Тери Стотс.
„Подобро би ги оставил картичките да ми ги украдат, кога некоја како Нил ќе ми каже дека сака да ме види. Отидов на состанок и таму ме информираа за трејдот.“
Така еден од неговите последни денови во Портланд заврши неславно.
Сигурно тешко ќе го заборави времето поминато во тој град, а вчерашниот ден ќе му остане во сеќавање.
Тој ја одигра оваа сезона во тимот и постигнуваше по 11 поени и 8 скокови во просек.