Лестер ги руши сите негативни рекорди!

Актуелниот шампион на Англија, фудбалерите на Лестер продолжуваат со рушење на негативните рекорди во ПЛ оваа сезона.

Ако минатата сезона се восхитуваа на нивните игри, оваа сезона ситуацијата е сосема различна.

Фудбалерите на Лестер се наоѓаат само едно место над опасната зона и имаат бод повеќе од Хал.

Покрај сите проблеми кои ги имаат, Лестер полека ги руши скоро сите можни негативни рекорди.

Тие немаат постигнато гол на последните 6 натпревари во ПЛ, а тоа е најдолга низа за еден шампион во ПЛ.

Тимот на Раниери нема постигнато гол дури 10 часови што е неверојатен податок за еден шампион.

Не им помага ниту фактот дека нивниот најдобар стрелец Варди е во лоша форма и постигна само 5 голови оваа сезона.