„Игуаин вреди со причина 94 милиони евра!“


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Џеко и Игуаин водат голема битка оваа сезона за прв стрелец во Серија А.

По 24 одиграни кола двајцата имаат постигнато по 18 голови и најверојатно до крајот на сезоната ќе се борат за тоа кој ќе биде подобар, а Ригети ги пофали двајцата фудбалери.

„Игуаин е одличен, тој вреди 94 милиони евра со причина, бидејќи нуди нешто повеќе. Но за Рома подобар е Џеко. Тој постојано се враќа по топката, дрибла и испраќа корисни топки. Како додаток на тоа, постигнува голови.“

„Игуаин игра многу високо пред противничкиот гол, постојано е околу казнениот простор или барем на 20 метри од голот. Има одличен процент на искористени топки. Многу е корисен во натпреварите во кои е вклучен во играта.“

Ригети за Рома има одиграно 112 натпревари во период од 1980 до 1987 година. За Италија играше 8 пати.