„Имаме уште многу да надокнадиме“

Селекторот на Англија, Саутгејт смета дека неговиот тим има уште многу работа за да дојде до самиот врв во фудбалот.

Откако го превзема тимот на Англија, тие одиграа 2 натпревари нерешено и 2 победија, а се наоѓаат на 13-то место на ФИФА ранг листата.

„Мораме да работиме многу и паметно да надокнадиме. Мораме да бидеме подобри во секој сегмент од играта.“

Саутгејт мораше да одговара и на прашањето за Руни.

„Никогаш не ги бирам играчите по репутација и старите постигнувања. Го гледам противникот и тактиката која ќе ја поставам и заедно со моменталната форма, го бирам тимот.“