Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кошаркарот на Њу Јорк, Кармело Ентони е повикан наместо Кевин Лав на Ол-Стар натпреварот во Њу Орлеанс.
Лав поради повреда е принуден да пропушти неколку недели и нема да го гледаме во тимот на Истокот.
Раководството на НБА одлучи наместо него да го повика Кармело Ентони.
Мело е прва ѕвезда на очајните Њу Јорк, а токму поради лошата форма на тимот тој не беше на почетниот список.
Ова за 32-годишниот кошаркар ќе биде 10-ти настап на Ол-Стар натпреварот.
Оваа сезона Ентони постигнува по 23 поени и 6 скокови по натпревар, но Њу Јорк има резултат од 23 победи и 34 порази.